5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фотографијата е од архивата на Centar.mk и се користи за илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Пoлицаец од Куманово почина од коронавирус

Полициски припадник починал во Куманово, на возраст од само 52 години откако вчера му бил дијагностициран коронавирус.

Се работи за прва жртва од коронавирус меѓу полициските службеници. Вчера била погребана и неговата мајка.

Оваа информација ја потврди и Максим Димитријевски, градоначалник на Куманово, кој соопшти за две жртви вечерва од опакиот вирус.

Сепак, ова официјално треба да биде потврдено и од Министерството за здравство, кое очекуваме да излезе со детална информација за овие случаи утре.