11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лицата во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со Ковид-19 во Република Северна Македонија. На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.

* 078/378-766 – трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка може да се советуваат во периодот од 9 до 16 часот;

* 072/919-009 – лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот може да се советуваат во периодот од 9 до 16 часот на овој телефонски број преку апликацијата „Вибер“;

* 070/291-657 – овозможена е и психолошка поддршка за лицата во самоизолација на албански јазик на овој телефонски број во периодот од 9 до 16 часот.

За потсетување, функционираат и другите телефонски броеви за психолошка поддршка.

Родителите на деца на предучилишна возраст и училишна возраст може да се јавуваат на телефонскиот број 072/912-676.

Возрасните лица што се во самоизолација може да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009.

Телефонскиот контакт на возрасните лица во самозиолација и лицата со нарушен слух, говор и глас е ист, меѓутоа комуникацијата за вторите лица е исклучиво преку апликацијата „Вибер“.

Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, секој работен ден од 9 до 16 часот:

* 078/378-728 – за тинејџери и нивните родители
* 070/291-574 – за родители на деца со попреченост