8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Шпанија: Вчера починале 773, а денес 674 до 19 часот

Над 72.000 лица се заразени од коронавирус во Шпанија, која е новата Италија во однос на коронавирусот, па така бројките постојано растат.

Само денес до 19 часот и 30 минути се регистрирани 6.529 заразени лица и нови 675 смртни случаи, но овие бројки не се конечни со оглед дека денот се уште трае и бројките се собираат.

Вчера во Шпанија биле регистрирани нови 7.933 случаи на коронавирус во период 24 часа и нови 773 смртни случаи.

Досега во Шпанија починале 5.812 лица, а се заразиле 72.248 граѓани.