Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Лошо време и во следната недела – Драстично заладување и снег низ Македонија

Утре и во понеделник во поголем дел од земјава ќе биде суво и посончево со повисоки дневни температури. Од понеделник попладне одново следува период на претежно облачно и врнежливо време.

Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег, дури и на некои пониски места.

Прогноза за 30.03.2020
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 13°С до 19°C.
Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 31.03.2020
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 15°C.
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 01.04.2020
Минимална температура: -2°C до 2°C
Максимална температура: 1°C до 9°C
Облачно и студено со врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од сне, а на пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Левица: И Извештајот на Европската комисија забележува: ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

ДЕСК

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ДЕСК

Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ

ДЕСК