6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ФОТО извор Институт за јавно здравје
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Мапа: Најмногу заразени има во Карпош – еве каква е ситуацијата и во другите општини во Скопје

Заклучно со 26.03.2020, пријавени се вкупно 219 случаи на COVID-19 (I=10,6/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 10 градови: Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Велес (3), Охрид (n=3), Кавадарци (2), Тетово (2) и Гостивар (1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 21,7 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2.

На ниво на општина на територијата на Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (27). Понатаму следуваат Кисела Вода, Гази Баба и Центар со регистрирани 20 пациенти со коронавирус, во Ѓорче Петров има 11 случаеви, Аеродром 8, Сопиште 7, Бутел 4, Чаир 3, Илинден 2.

Во Скопје се регистрирани и 11 случаеви на пациенти кои живеат во главниот град а се од други градови како и еден странец.

ФОТО извор Институт за јавно здравје
Спонзорирано: