8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Прилеп (2) и Велес (3) ги добија првите заразени од коронавирус

Два случаи на коронавирус се регисрирани во Прилеп, потврдувиле од Центарот за јавно здравје за медиумите.

Според информациите заразените биле сопружници на возраст преку 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

-Сопружниците не биле надвор од земјава, туку нивниот син кој бил на Копаоник, Србија и се вратил пред 10-тина дена.

За синот се уште нема резултати.

Допрва ќе се проверуваат контактите кои досега ги имале двајцата сопружници и нивниот син.

Во Велес за прв пат се регистрирани три случаи на коронавирус.