20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Почна полицискиот час во Македонија

За прв пат во историјата на Македонија е воведен полициски час.

Владата одлучи дека од вечерва во 21 часот низ земјата ќе владее полициски час.

Секоја вечер од 21 до 6 часот граѓаните нема да смеат да се движат на јавни површини.

Единствено на улиците ќе бидат полицијата, армијата, брзата помош и медиумите.

Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лицата кои се во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа.