11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Кривичниот суд денеска и в петок ќе врши темелна дезинфекција

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека денеска и в петок ќе врши темелна дезинфекција на судниците, ходниците, санитарните јазли, шалтерите и сите други простории во новата и старата зграда.

„Во согласност со препораките на Владата овие дезинфекции ќе се вршат секоја среда и секој петок сè додека постои потреба за тоа. Воедно, за заштита од ширење на коронавирусот, како и здравјето на странките и вработените во институцијата, судот обезбеди средства за дезинфекција достапни на секој шалтер, а секој службеник, кој има директен и непосреден контакт со странките, е задолжен да носи стерилни ракавици и медицинска маска. Како суд уште еднаш упатуваме апел до сите адвокати, обвинители, вештаци, сведоци и други странки доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата“, се вели во соопштението од судот.

Судот во текот на денот ќе ја информирма јавноста во однос на одлуката на Судскиот совет за сите закажани итни и неодложни судења во следниот период.