23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Во Србија 55 случаи на коронавирус, во Хрватска 56

Во Србија денеска се регистрирани седум нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени се искачи на 55. До утрово во 8 часот во Србија е направен 301 тест.

Претседателот на Сrбија, Александар Вучиќ, вчера прогласи вонредна состојба.

Утринава, пак, премиерката Ана Брнабиќ, рече дека доколку не се почитува препораката на владата постарите луѓе да останат дома ниту една мерка нема да даде резултат и дека доколку и понатаму има многу луѓе на улиците, ќе биде воведен полициски час.

Во Хрватска се регистрирани 56 случаи на коронавирус, вклучувајќи и двајца лекари.

„Не е реално да се очекува дека ситуацијата ќе се реши за две недели. Го следиме развојот на ситуацијата, владата се состанува секој ден. Не е проблем да се донесе одлука одеднаш“, рекол шефот на Центарот за авно здравје, Крунослав Чапак.

Спонзорирано: