23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Црни бројки од Италија: Се разгорува епидемијата од коронавирус, речиси 350 мртви за 24 часа

Дури 349 смртни случаи од коронавирус се забележани во Италија за само 24 часа, велат официјалните податоци.

Бројот пак на новозаразени изнесува 3,233 лица додека вкупната бројка достигна 27,980 лица.

Вкупно досега починале 2,158 лица.

Целата оваа драма во Италија се случува додека земјата речиси цела недела е во целосен карантин.

Бележење на голем број новозаболени има и во Шпанија, каде се забележани нови 1440 случаи на коронавирус, додека вкупната бројка се ближи кон 10.000.

Нови 1110 случаи се регистрирани и во Германија, каде вкупната бројка изнесува речиси 7.000 луѓе.

Вкупно во светот се регистрирани 179,223 заразени лица, од кои починале 7,067 луѓе, а се излекувале 78,285, од почетокот на епидемијата до сега.

Спонзорирано: