20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Вучиќ вечерва ќе донесе одлука за вонредна состојба или поголема улога на војската поради коронавирусот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе се обрати пред јавноста вечерва во 20 часот каде ќе соопшти дали во земјата ќе се зголеми улогата на војската или ќе биде прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, јавуваат српските медиуми.

Како што извести „ТВ Прва“, претседателот утрово разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Вучиќ ќе има средба со безбедносните служби во 12.00 часот, соопшти телевизијата. За 19.00 часот е закажана средба со членовите на кризниот штаб за коронавирусот.

Потоа, се очекува да објави одлука за мерките што ќе бидат преземени за да се заштити населението од ширењето на пандемијата.

Како што објави „Блиц“, српскиот претседател се очекува да прогласи вонредна состојба во наредните денови. Синоќа, тоа го побара српскиот министер за одбрана, Александар Вулин.

Вучиќ ја доби оценката на Министерството за одбрана дека ризиците и заканите од пандемијата на коронавирусот бараат донесување на итни мерки во надлежност на претседателот на Србија.