– Го посетив и безбедносниот пункт на ХЕЦ Глобочица. И тука состојбата е мирна, локалното население постапува исклучиво по препораките на Владата, соработката на МВР со другите институции е одлична и заедно ги надминуваме сите тековни предизвици. Населението соработува со полицијата и институциите и полициски час не е воведен, соопшти Славјанка Петровска, дополнителен заменик министер во МВР.