20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Не половично, туку целосно ќе се затворат моловите?

Откако моловите најавија дека ќе го ограничат времето на своето работење до 18 часот, Владата најверојатно ќе ги затвори целосно со цел да се спречи ширење на коронавирусот.

Оваа одлука се очекува да биде донесена во секој момент од Владата, од каде што дополнително ќе донесат нови мерки.

Македонската држава засега се држи солидно во врска со коронавирусот. До овој момент се регистрирани 13 случаи на коронавирус, од кои една жена, првозаболената е целосно излечена. Исто така една жена од Дебар е во потешка состојба.

Во Дебар веќе е прогласена вонредна состојба. Градот е во целосен карантин од вчера, а армијата им помага на граѓаните при набавка на храна и неопходни производи за живот.