11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција испрати илјада специјалци на грчката граница за да го спречи враќањето на мигрантите

Турција распореди 1.000 специјалци по должината на границата со Грција за да ги спречи мигрантите да се вратат на нејзината територија, објави министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, обвинувајќи ги грчките сили за ранување 164 мигранти.

Изјавата на Сојлу е последниот коментар во вербалната војна меѓу Анкара и Атина, во која мигрантите се инструмент кога Турција ја отвори својата граница и им го ослободи патот кон Европа. Со тој потег Анкара отстапи од договорот од 2016 година, со кој се обврза дека ќе ја спречи нелегалната миграција кон Европската Унија, а ЕУ вети дека ќе издвои милијарди евра за да ѝ помогне на Турција да се справи со нив.

Во изјавата за новинарите во северозападната провинција Едирне министерот Сојлу рече дека грчката полиција ранила голем број мигранти додека ја минувале границата.

„Повредени се 164 лица. Тие се обидоа да вратат 4.900 луѓе во Турција“, рече тој. „Ние распоредуваме 1.000 припадници на специјалната полиција во граничниот систем… за да ги спречиме мигрантите да се вратат во Турција“./Makfax