23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство.

Станува збор за 38-годишна државјанка на Грција која допатувала од Италија, изјави претставникот на грчкото министерство, Сотирис Циодрас.

Жената е во добра здравствена состојба, а во моментов се проверуваат нејзините блиски контакти.

Тие доброволно ќе бидат ставени во изолација, со цел да се следи нивната состојба.