15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија на Јадран, хеликоптер се урна во морето кај Шибеник

Спасувачките екипи трагаат по воен хеликоптер што паднал во Јадранското Море.

Несреќата се случила недалеку од Шибеник на подрачјето меѓу Заблаќ и Зларин, а, според хрватските медиуми, станува збор за хеликоптер „кијова ОХ-58 Д“ што се урнал за време на тренажен лет.

„Ве известиме дека во 11:06 часот е примена дојава во полициската управа дека паднал хеликоптер помеѓу Заблаќ и Зларин“, соопшти хрватската полиција.

Веднаш по дојавата, на местото на настанот биле испратени два брода на Дирекцијата за поморска полиција заедно со полицајците од другите полициски оддели, а за инцидентот биле известени сите други служби.

Зларин се наоѓа југозападно од Шибеник. Засега не е познато колку лица се наоѓале во авионот, ниту, пак, што ја предизвикало несреќата./Makfax