3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на европско тло.

Француските власти објавија дека тројцата болни луѓе патувале во Кина, а двајца од нив се од исто семејство,

Претходно, француската министерка за здравство, Анјес Бизин, рече дека два случаи на вирусот кои потекнуваат од Кина, биле потврдени во Париз и Бордо.

Таа претпоставува дека најверојатно ќе има повеќе заболени, додавајќи дека властите ќе направат се за да го ограничат ширењето на вирусот./Makfax

Спонзорирано: