3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во САД, робот се грижи за пациент заболен од корона вирус, а во кинеските болници навалица и метеж

Робот и неколку медицински работници се грижат за првиот човек на кој му е дијагностициран корона вирус во САД.

Роботот, опремен со стетоскоп, им помага на лекарите да се грижат за здравјето на пациентот, како и да комуницираат со него преку големиот екран.

Маж во 30-ти години бил примен во болница со симптоми на грип, а неодамна се вратил од кинескиот град Вухан, од каде што започна епидемијата на корона вирус, пренесува „Си-ен-ен“.

Тој е изолиран и е во стабилна состојба.

https://youtu.be/aqQKjQdeUDo

Во исто време, „Си-ен-ен“ објави видео од социјалните мрежи, за кое се вели дека е донесено од болница во Вухан.

На снимката се гледа ходник полн со пациенти кои се туркаат и негодуваат додека се обидуваат да ги добијат резултатите од тестот што е можно поскоро./Makfax

Спонзорирано: