16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И картелите и одбранбените групи регрутираат деца во Мексико

Откако беше објавено дека 8-годишни деца регрутираат во вооружени одбранбени патроли, претседателот на Мексико рече дека наркокартелите исто така регрутираат мали деца за своите активности.

Во Мексико се води расправа за употребата на децата во вооружени судири, а групите за заштита на правата укажуваат дека таквата пракса ја загрозува не само безбедноста туку и менталното здравје на децата.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека со оглед на тоа што социјалните програми им даваат на младите повеќе можности да учат или да работат, наркокартелите имаат проблем да најдат луѓе, па затоа регрутираат деца.

„Бандите имаат проблем да најдат војници, па регрутираат деца и млади што ги вооружуваат“, рече Лопез Обрадор./Makfax