17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тaчи: Неопходна е улогата на САД за постигнување мир со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи по средбата со советникот на американскиот претседателски Доналд Трамп за национална безбедност, Роберт О’Брајан во Давос изјави дека улогата на САД е неопходна за да се постигне мир со Србија.

„Имав прекрасен разговор денес со советникот за национална безбедност на претседателот Трамп, Роберт О’Брајан. Ние ја реафирмиравме неопходната улога на САД во постигнувањето на конечен мировен договор меѓу Косово и Србија, како и специјалниот однос меѓу Косово и САД”, напиша Тачи на Твитер.

О’Брајан беше учесник во потпишувањето на договорот за отворање на воздушната линија Косово – Србија, кој беше постигнат во амбасадата на САД во Германија.

Претседателот на Косово, кој присуствува на Светскиот економски форум во Давос, се состана и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ со кој разговораше околу односите меѓу Косово и Хрватска, како и за стратешкото партнерство, пренесува Косово онлајн./Makfax