9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос, поради владиното справување со мигрантите кои пристигуваат од Турција.

Бројот на мигрантите постојано расте, а условите во преполните кампови се лоши. Во најголемиот кампа, Мориа, на островот Лезбос, се наоѓаат повеќе од 19 илјади баратели на азил, кои живеат во капацитети за 2.480.

Населението на Лезбос си го бараат островот назад. Тие носеа транспаренти со натпис: „Си ги сакаме островите назад“.

Локалните власти се лути поради состојбата во која се наоѓаат островите, велат дека тие се претворени во затвори за илјадници луѓе од целиот свет./Makfax

Спонзорирано: