Секогаш во средиштето на збиднувањата...

ВЕЧЕРВА: Во атински ресторан убиени двајца водачи на црногорски клан

Водачи на црногорски клан, Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ се убиени вечерва во преполн ресторан со гости во Атина, пренесуваат српските медиуми. Бруталното убиство на Стаматовиќ и Дедовиќ се случило во присуство на нивните семјства.

Злосторството го извршиле четворица маскирани лица кои набрзо потоа со автомобил избегале од местото на настанот. Куршумите ги погодиле Стаматовиќ и Дедовиќ во виталните органи, па тие починале на лице место. Во пукотницата повредена е и една жена која се здобила со прострелна рана во ногата.

Грчките медиуми пренесуваат дека нападот траел една минута, а грчката полиција презема мерки да им влезе во траг на напаѓачите. Според нивните индиции двајцата црногорски државјани се убиени во пресемтка на кланови.