10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Торино забранети се и возилата на дизел со мотор еуро 5

Неколку италијански градови, особено на северот од земјата, забранија движење на различни категории возила за да се намали загадувањето на воздухот.

Со црвено предупредување на експертите за количеството на смог во воздухот, Торино ги забрани сите дизел-возила со еуро 5 или пониски ознаки на моторот. Мерките се преземени поради тоа што 10 дена по ред се регистрирани над 50 микрограми микрочестички по кубен метар. Оваа мерка првпат се применува и на оваа категорија на дизел-возила.

Во Милано се бележи црна серија на денот со лош квалитет на воздухот.

„Празничниот огномет го зголеми нивото на микрочестички за 2,5 пати над нормалата за овој период на годината“.

Црвен аларм е вклучен во Падова. Од 8:30 до 18:30 часот е забрането движење на приватни и комерцијални возила на бензин, со мотори еуро 0 и еуро 1, како и дизелаши со мотори до категорија еуро 4. За време на денот одмораат и двокатните мотоцикли и мопеди регистрирани пред 2000 година. Населението е повикано да користи градски превоз наместо своите возила.

Во Фиренца, во центарот на градот, паркирани се сите приватни и службени возила чии мотори предизвикуваат загадување. Забранета е и употребата на камини и печки на дрва во јавните и приватните згради.

Постојаниот висок воздушен притисок, слабиот ветер и сувото време само ја влошуваат ситуацијата./Makfax

Спонзорирано: