9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австралија чека спас, метеоролозите најавија обилни дождови

Според најновата метеоролошка прогноза, се очекува австралиските сојузни држави Нов Јужен Велс (НСВ) и Викторија да ги зафати пороен дожд оваа недела.

Австралискиот метеоролошки институт објави прогноза која предвидува големи врнежи од дожд во речиси цела НСВ во текот на следните седум дена.

„Ако оваа прогноза се оствари, ќе биде како да се оствариле сите наши желби за Божиќ, родендени, свршувачки, годишнини, свадби и матури. Да ги вкрстиме прстите”, напиша Државната противпожарна служба на „Твитер“.

Денеска се очекува дожд на централниот и северниот брег на Австралија. Обилните врнежи се предвидени в четврток кога се очекуваат значителни врнежи од дожд во поголемиот дел од Нов Јужен Велс. Предвидено е до 25 мм дожд во некои области на јужниот брег.

Колку и да се охрабрувачки вестите, многу метеоролози предупредуваат дека обилните врнежи од дожд може да предизвикаат лизгање на земјиштето./Makfax

Спонзорирано: