3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Француски министер: Иран наскоро може да има нуклеарно оружје

Иран би можел да има нуклеарно оружје за една до две години ако продолжи да го крши нуклеарниот договор од 2015 година, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан.

„Доколку продолжат да го кршат Виенскиот договор, тие би можеле да имаат пристап до нуклеарно оружје во краток рок, меѓу една и две години, што не е прифатлива опција“, рече Ле Дријан за радио РТЛ.
инистрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе одржат итен состанок за да бараат начин да се стави крај на конфликтот меѓу САД и Иран.

Наводно погрешната процена од која било страна може да доведе до тоа Брисел да се соочи со војна и сериозна нуклеарна криза на својот праг./Makfax

Спонзорирано: