21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Новиот „Џејмс Бонд“ ќе претрпи промени во последна минута

Долго време го чекаме враќањето на Даниел Крејг како Џејмс Бонд, кој последен пат се појави во улога на тајниот агент 007 во Spectre (Спектре) во 2015 година. Сега сме на само три месеци од излегување на новото продолжение под наслов No Time to Die ((„Нема време да се умре“).

Но работите сè уште можат да се променат во процесот на правење на филмот. Во No Time to Die, Ханс Цимер наводно е донесен како нов композитор односно автор на музиката за филмот.

Германскиот композитор и оскаровец Ханс Цимер ќе го замени Ден Ромер, за кого во јули 2019 година беше најавено дека ќе биде автор на музиката за филомот.

Њујоршки „Варајати“ (Variety) објави дека Ромер бил разрешен минатиот месец од страна на “Еон Продукција“ – продукциската компанија која стои зад филмовите Џејмс Бонд – заради „креативни разлики“ и Цимер сега презема одговорност за музичката страна на нештата.

Меѓутоа, имајќи предвид дека No Time to Die е на само три месеци од светската премиера, а и дека Ханс Цимер е зафатен со други филмови како на пример Wonder Woman 1984 и Top Gun: Maverick, Њујоршки „Варајати“ наговестува дека тој ќе добие одредена помош за да се осигури дека филмот ќе излезе на време. За тоа да се случи, музиката најверојатно ќе треба да се заврши до средината на февруари, па така тој би можел да ги ангажира поранешните соработници Бенџамин Волвиш („Блејд ранер 2049“, „Скриени фигури“) или Лорн Белф („Невозможна мисија 6“, „Тајните војници од Бегази“) да му помогнат.

Под претпоставка дека сите овие информации се точни, тогаш ова ќе биде првпат во историјата на овој филмски серијал еден композитор да е заменет за време на пост-продукција. Што се однесува на филмовите за Бонд во ерата на Даниел Крејг, Дејвид Арнолд се справуваше со постигнување на должностите за „Казино Ројал“ и „Квантум на Солас“, а Томас Њуман за „Скајфол“ и „Спектре“.

Новиот филм од серијалот за англискиот таен агент Џејмс Бонд под наслов No Time to Die („Нема време да се умре“) во кој Даниел Крејг се појавува во улогата на агентот 007 ќе се појави во кино салите за неколку месеци.

Својата светска премиера ќе ја има на 3 април во Лондон како што е традиција – сите премиери на овие филмови да бидат во главниот град на Велика Британија. Во САД филмот ќе почне да се прикажува од 8 април.

Ликот на тајниот агент со кодирано има 007 и овој пат ќе го толкува Даниел Крејг. Тоа ќе биде негово петто по ред појавување во улогата на Џејмс Бонд, но според соопштението на продуцентите и последно. Уште од сега продуцентите трагаат по нов актер за следните филмови.

No Тime To Die е 25 по ред од овој исклучителен и единствен во историјата серијал филмови направени за еден ист лик, а кој започна во 1962 година.

Ликот на главниот негативец овој пат го толкува оскаровецот Рами Малик.

Режисерот Кери Џоџи Фуконага во најновиот филм задржува многу од ликовите и актерите од претходниот филм „Spectre”.

Ликот на шефот на Бонд, „М“, и овој пат го толкува Ралф Фајнс. Во улогата на секретарката Манипени пак ќе се појави Натали Харис, а Бен Варешо ќе биде „Q” (Кју) експертот за специјалните тајни „ играчки“ за агентот 007. Во филмот се враќа ликот на поранешниот агент на ЦИА, Феликс Лајтер, лик кој го има во романите на Јан Флеминг, писателот што го има измислено Џејмс Бонд. Во најновиот филм овој лик ќе го игра Џефри Рајт./Makfax

Спонзорирано: