Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри две девојчиња во Скопје

Две девојчиња, на возраст од 12 и 13 години, се повредени откако синоќа биле удрени од автомобил во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека синоќа во 19.15 часот на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и сервисната улица што се поврзува со бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(60) од Скопје, удрило во двете малолетнички.

Во незгодата 12 – годишното девојче се здобило со тешки телесни повреди, а 13 – годишното девојче со телесни повреди по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Можеби ќе ве интересира

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК

Трагедија: Починат 47 годишен маж донесен во болница

ДЕСК