Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во две малолетни девојчиња

Две малолетни девојчиња, на возраст од 12 и 13 години, се тешко повредени откако вчера во нив удрил автомобил на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и сервисната улица што се поврзува со бул.„Никола Карев“ во Скопје. Автомобилот „шкода фабија“, го управувал Т.М.(60) од Скопје.

Во незгодата 12-годишното девојче се здобило со тешки телесни повреди, а 13-годишното се здобило со телесни повреди, по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. /Makfax