25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова закана од Иран: Ако нè нападнете, ќе ги бомбардираме Израел и Дубаи!

Иранските власти се заканија дека ќе ги бомбардираат Израел и Дубаи доколку Соединетите Американски Држави се одмаздат за ракетниот напад на двете американски бази во Ирак.

Утринава иранската Револуционерна гарда ја спроведе операцијата „Маченикот Сулејмани“ – од неколку локации на територијата на Иран беа лансирани балистички проектили кон две бази на американската армија во Ирак.

Засега од САД нема потврда за можни жртви или повредени во ракетниот напад кој Иран го изведе во знак на одмазда поради убиството на генералот Касим Сулејмани кој беше ликвидиран во напад со дрон на американското воено воздухопловство.

„Ги предупредуваме сите американски сојузници кои им ги имаат дадено базите на нивната терористичка армија, дека секоја територија која ќе послужи како почетна точка за агресивни напади против Иран ќе биде нападната“, соопштија од иранската Револуционерна гарда.

Од иранската Револуционерна гарда исто така се заканија дека доколку САД им се одмазди за нападот утринава, тогаш на нивна мета, меѓу другите, ќе се најдат и израелскиот град Хаифа, како и Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.