9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Икеа“ ќе плати 46 милиони долари отштета откако шкаф усмрти двегодишно дете

„Икеа“ ќе плати 46 милиони долари отштета откако двегодишно дете загина под паднат шкаф. Шведскиот гигант за производство на мебел „Икеа“ се согласи да му ги исплати средствата на семејството чие дете почина откако врз него паднал шкафот.

Двегодишниот Јозеф Дудек се задушил во 2017 година, кога шкафот произведен од оваа фирма го поклопил во неговиот дом во Калифорнија. Мебелот тежок 32 килограми и висок 76 сантиметри една година претходно бил повлечен од продажба од безбедносни причини откако загинале три други деца.

Според адвокатите, тоа е најголемата нагодба за смрт на дете во историјата на САД./Makfax

Спонзорирано: