11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лас Вегас: 93-годишник пукаше во управител на зграда поради поплава во неговиот стан

Полицаец во Лас Вегас застрелал 93-годишен маж кој претходно со огнено оружје пукал кон управител задолжен за одржување на зградата, поради поплава во неговиот стан.

На видеоснимката од надзорни камери поставени во зградата се гледа како на 2 јануари, Роберт Томас, облечен во црн капут и црна шапка, влегува во канцеларијата и со пиштол му заканува на маж кој седи зад бирото. Потоа тој пука кон човекот кој паѓа на земја, а подоцна доаѓа до него и пука со уште еден куршум.

Неколку секунди откако 93-годишниот Томас испукал два куршума, полицаецот Роналд Хорнијак од полицискиот оддел во Лас Вегас пристигнал на местото на настанот и му викнал на старецот да го фрли пиштолот, по што кон него испукал еден куршум.

Но, на снимките од камерата се гледа како Томас го фрла пиштолот на стол пред да биде застрелан.

Роберт Томас бил пренесен во болница и набрзо бил пуштен. Тој е обвинет за обид за убиство, киднапирање и носење скриено оружје. Кога се појавил на суд на 3 јануари, 93-годишникот рекол дека не сакал да го повреди човекот што го застрелал, но сакал малку да го предупреди и да се пошегува.

Полицијата спроведува внатрешна истрага за оправданоста за употреба на сила од полицаецот Хорнијак.

Спонзорирано: