14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин му честиташе Нова година на Трамп и го покани во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин му испрати новогодишна честитка на американскиот претседател Доналд Трамп и повторно го покани да присуствува на 75-годишнината од победата на СССР во Втората светска војна в мај, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин во пораката рече дека Русија и САД имаат историска одговорност да обезбедат светска безбедност и стабилност и дека Москва се залага за нормализирање на билатералните односи и воспоставување рамноправен дијалог заснован на заемно почитување на интересите.

Путин упати честитка и до канадскиот премиер Џастин Трудо, изразувајќи верба дека развојот на конструктивна, билатерална соработка во голем број области, како и меѓусебното почитување, е целосно во интерес на народите на Русија и Канада./Makfax

Спонзорирано: