12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хеликоптер со седум лица исчезна на Хаваите

Крајбрежната стража на Хаваите бара хеликоптер со седум лица, кој не се врати од обиколката на брегот на Напал.

Компанијата во чија сопственост е хеликоптерот ги известила властите за исчезнувањето откако хеликоптерот не се вратил од обиколката, јави „Си-ен-ен“.

Во хеликоптерот се наоѓале пилот и шест патници, од кои двајца се малолетни.

Иако на хеликоптерот има електронски уред за следење, не се забележани сигнали. Од крајбрежната стража соопштија дека потрагата е отежната поради временските услови, односно слабата видливост и силниот ветер./Makfax

Спонзорирано: