Centar.mk
СВЕТ

Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото

Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.

Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.

Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОГОДЕН БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ХАРКИВ – Украинските власти соопштија за 73 повредени

ДЕСК

ЛОНДОН И БРИСЕЛ СО НАЦРТ-ДОГОВОР ЗА ХРАНАТА – Се подготвува намалување на проверките по Брегзит

ДЕСК

ПОЖАРНИКАРИ ОД НАД 15 ДРЖАВИ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТ – Во Брисел ќе бараат подобри услови и координација

ДЕСК