10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Поставен првиот тастер за пешаци на семафор во Скопје

По барање на граѓаните, на семафорите на булеварот Србија, кај Полициската станица, е поставен првиот тастер во Скопје, со кој пешаците ќе може да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин. Целта е да се зголеми безбедноста во сообраќајот на овој исклучително фреквентен булевар.

„По барање на граѓаните, по немилиот настан минатата година кога на овој пешачки премин загина пешак, Град Скопје на оваа локација постави семафор за да овозможи побезбедно поминување на пешаците преку булеварот. Наидовме на разбирање кај компанијата ‘Окта“ за да воведеме и еден поинаков систем – во моменти кога нема толку многу сообраќај на улицата, да може со притискање копче да се отвори пешачкиот сигнал за да се зголеми безбедноста на пешаците при преминувањето на улицата, особено на децата од оваа околина што одат на училиште“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Тој потсети дека Град Скопје на булеварот Србија годинава изгради и велосипедска патека, која ги поврзува главните велосипедски рути во Аеродром со Кисела Вода и Гази Баба./Makfax

Спонзорирано: