7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 11 лица починале од кокосово вино на Филипините

Најмалку 11 лица починале, а повеќе од 300 биле лекувани во болниците откако пиеле кокосово вино на Филипините, вклучувајќи ги и оние што се славиле на божиќната забава, соопштија денеска здравствените служби и локалните власти.

Труењето се случило во Лагуна и Кезон, две провинции јужно од Манила, и сите консумирале ламбаног, пијалак популарен во провинциите кој широко се консумира за време на празниците и прославите.

Некои сами го купувале виното, додека на други им го донирале локалните власти за време на божиќната забава, според Министерството за здравство.

Две лица кои биле во критична состојба се чувствувале подобро, изјавил градоначалникот Венера Муњоз за локалното радио, додавајќи дека кокосовото вино е произведено во неговиот град.

Нерегулираното производство и продажба на ламбаног е вообичаено на Филипините, и често се произведува нелегално, со опасни адитиви./Makfax