7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го кочат зголемувањето на пензиите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Владимир Ѓорчев го кочат носењето на законските измени за зголемување на пензиите за 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери, велат од СДСМ преку соопштение.

„Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителн број стечајци. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кочат и блокираат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните.

ВМРО кочничарска ДПМНЕ ги блокира и демократските процеси. Поднесоа илјадници амандмани само за да спречат една изборна единица, затоа што знаат дека граѓаните не го сакаат Мицкоски кој се плашид гласот на граѓаните.

Не го поддржуваат ниту Законот за одбрана, една од нашите обврски во однос на НАТО членството и се стваат против членството во НАТО.

Им пречел уставното име на земјата, истот име кое не им пречи кога шетаат по службени патувања, кога земаат плати, дневници и кога одат на меѓународни НАТО настани потпишани под името Северна Македонија.

ВМРО ДПМНЕ нема програма на 3 месеци пред избори, а наместо реална програма Мицкоски ветува мерки што веќе се спроведуваат и даваат резултати.

ВМРО ДПМНЕ значи нестабилност, ризик и враќање на режимот. Затоа граѓаните ќе ги казнат нивните деструктивни политики и ќе потврдат дека треба да продолжиме на прав пат“, нагласува СДСМ во соопштението.