7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американец го застрелал берберот кој му направил лоша фризура на неговиот син

Полицијата во Тексас трага по маж кој пукал во бербер, што му направил лоша фризура на неговиот 13-годишен син.

Полицијата во саботата реагирала на дојава за пукање во берберница во град во Тексас, каде клиент наводно пукал во бербер и избегал од местото на настанот, пренесе Си-ен-ен.

Инспекторот Валас Вајат изјави дека пукањето се случило по расправија поради лошата фризура на малолетниот син на осомничениот.

„Прво си заминале дома од берберницата, а потоа се вратиле. Берберот се обидел бесплатно да ја коригира фризурата на момчето и тогаш избувнала расправија“, објаснил Вајат.

„Ова е една од најлошите расправии за кој сум слушнал. Особено затоа што целиот настан се одвивал пред очите на детето“, додал тој.

Се очекува дека берберот ќе го преживее нападот, а тој во моментов е во болница и во стабилна состојба.

Кабинетот на шерифот соопшти дека осомничениот е Афроамериканец кој управува со сива „хонда“./Makfax