14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пакистанскиот премиер ја преиспитува смртната казна за Мушараф, свика итен состанок

Пакистанскиот премиер Имран Кан свика итен состанок на партијата откако Специјалниот суд во Исламабад го осуди на смрт поранешниот претседател Первез Мушараф. Кан смета дека судењето не било фер и сега владата го разгледува тоа.

Мушараф (76) во средата беше осуден во отсуство поради неговата одлука за воведување вонредна состојба, за која судот пресуди дека е чин на предавство и кршење на Уставот. Пакистанската армија ја осуди пресудата, велејќи дека поранешниот генерал не може да биде предавник.

Кан се врати во Пакистан од Женева, каде што присуствуваше на конференцијата на ОН за бегалците, за да претседава со итен состанок на основната комисија на неговата партија на кој се разговарало за казната без преседан. Неговиот портпарол рече дека на раководството на партијата му треба детален преглед на пресудата на судот пред да заземе официјален став за ова прашање.

Двајца доверливи помошници на Кан беа испратени да ја уверат пакистанската војска дека владата ќе го штити Мушараф за време на очекуваниот процес на жалба. Доцна во средата јавниот обвинител Анвар Мансур изјави дека ќе го брани законот во случајот, а не поединци. Тој додаде дека Специјалниот суд не му овозможил фер судење на поранешниот генерал.

Премиерот Кан исто така ја доведе во прашање праведноста на судењето.

„Нема сомнение дека лицето кое извршило предавство мора да биде казнето, но во овој случај не било обезбедено правото на правично судење загарантирано со Уставот. Судењето не треба само да биде фер, туку и да се смета дека е фер“, рече Кан.

Мушараф управуваше со Пакистан речиси една деценија, откако во 1999 година организираше воен удар без судири. Кризата во 2007 година се појави кога тој бараше реизбор на функцијата. Критичарите велат дека времето на неговото владеење сигнализирало враќање на времето на воените диктатури во Пакистан, но неговите приврзаници го сметаат за патриот и бранител на пакистанските интереси и дома и на меѓународно ниво.

Обвиненијата за предавство беа поднесени против Мушараф во 2013 година која тој се врати во земјата од самонаметнатиот егзил за да учествува на парламентарните избори. Во 2016 година му беше дозволено да го напушти Пакистан заради лекување, а во моментот престојува во Дубаи и е во лоша здравствена состојба./Makfax

Спонзорирано: