26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин е против преместувањето на телото на Ленин од мавзолејот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е против преместувањето на телото на лидерот на Октомвриската револуција, Владимир Ленин, од мавзолејот на Црвениот плоштад во Москва.

„Што се однесува до телото на Ленин, верувам дека треба да се остави таму каде што е, барем додека има луѓе, а тука има многу такви луѓе кои ги поврзуваат својот живот, својата судбина и одредени достигнувања од минатото со оние од советската ера“, рече Путин на традиционалната прес-конференција на крајот од годината.

Претседателот напомена дека поранешниот Советски Сојуз е неразделно поврзан со името на Владимир Ленин.

„Подобро е да не копаме по тоа. Зошто? Само треба да се движиме напред и да се развиваме динамично“, рече Путин./Makfax