17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Најмалку пет загинати во ерупција на вулкан во Нов Зеланд

Најмалку пет луѓе загинале, а 20 се повредени денеска во ерупција на вулкан во Нов Зеланд, соопшти тамошната полиција. Полициски извори велат дека има двоцифрен број на исчезнати луѓе.

Еруптирал вулкан на островот „Вајт Ијланд“, од каде се спасени 23 луѓе, а според властите се верува дека околу 100 луѓе биле во близина.

Вулканот на „Вајт Ијланд“ е еден од најактивните во Нов Зеланд.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн на прес-конференција рече дека имало многу туристи на островот или околу островот. Таа ги уверува оние кои во тој момент имале свои блиски на тоа место дека полицијата прави сè што може.