8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес ја погоди Фиренца

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени по Рихтер ја погоди околината на Фиренца во северна Италија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран во 04:37 часот, на 26 километри северно од Фиренца, на длабочина од околу девет километри.

Во потресот нема повредени или сериозна материјална штета, јавија италијански медиуми.

Училиштата се затворени во Вернио, провинција Прато, а општинските власти наредија проверка за евентуална штета на зградите.

Спонзорирано: