3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трамп: Израел никогаш досега немал подобар пријател во Белата куќа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Израел никогаш немал подобар пријател во Белата куќа од него, бидејќи за разлика од неговите претходници тој ги остварува ветувањата.

Трамп, зборувајќи на форумот на Израелско-американскиот совет на Флорида, потсети дека го признал Ерусалим за престолнина на Израел, ја преместил американската амбасада таму и го признал израелскиот суверенитет во Голанската Висорамнина.

Претседателот истакна дека неговите претходници ветувале дислоцирање на Амбасадата на САД, но тоа не го оствариле.

„По мое мислење тие никогаш не планирале да го направат тоа. Но за разлика од други претседатели, јас ги исполнувам ветувањата“, нагласи тој.

Спонзорирано: