14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Покрај Албанија, се тресе и регионот: Нови потреси забележани во целиот свет

Најлошо е веќе два дена во Албанија, но Еропско-медитеранскио сеизмолошки центар бележи нови потреси во светот.

Имено, за два ипол часа се случиле повеќе од 10 земјотреси од кои еден од 5,2 степени според Рихтерова скала го погодил гребенот Карлсберг во Индискиот океан, додека другите потреси биле поблаги.

Последното благо тресење од 2,2 степени според Рихтерова скала се случило на Хаваите. Станува збор за поблаги потреси и во централниот дел од Калифорнија, два пати во Јадранското море, додека последниот земјотрес во Албанија е забележан во 20:27 часот со 3,1 степени.

Пред Албанија се тресело и во Невада и Азорниострови кај Португалија. Најсилен од овие земјотреси бил тој што го погодил гребенот Карлсбер во Индискиот океан ншто пред 17 часот. Потресот бил со јачина од 5,2 тепени.

Поблаги потреси имало и во Костарика, австралиската држава Викторија и на Хаваите, додека посилен потрес со околу 4,7 степени имало во Непал.

Спонзорирано: