8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четири земјотреси за половина час, два со јачина од 4,5 и разлика од само 2 минути!

Четири земјотреси за помалку од половина час во Албанија.

Првиот од серијата, во 23:50 со јачина од 4,5 степени по рихтер и вториот само 2 минути подоцна со јачина од 4,4 степени.

Како што јавува репортерот на ТВ21 од Драч епицентарот е на длабочина од 2km и сите жители ги напуштиле куќите.

Следните два земјотреси се регистрирани на 2 минути по полноќ со јачина од 3,7 степени и вториот во 00:12 со јачина од 3 степени.

Овие четири земјотреси се силно почувствувани и западна Македонија, што покажува и извештајот од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

извор: Tv21