14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Ограбен познат историски музеј во Германија, одземено наследство вредно 1 милијарда евра

Крадци рано утрово упаднале во музејот во Дрезден и украле наследство вредно речиси една милијарда евра, објави германскиот весник „Билд“.

Засега е познато само дека е украден исклучително вреден антички накит, чија вредност на старт е проценета на речиси една милијарда евра. Кражбата се случила во историскиот музеј „Грин валут“ во Дрезден, кој иначе содржи најголема колекција на наследства од сите музеи во Европа.

Центарот на Дрезден, каде се наоѓа музејот, е преполн со полиција, која засега не дава никакви информации./Makfax

Спонзорирано: