18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Црното Море се преврте брод со 15.000 овци

Голем товарен брод со назив „Квин Хинд“, кој пренесувал повеќе од 15.000 овци, се превртел во Црното Море крај брегот на Романија.

Во спасувачката акција учествувале полиција, морнарица и пожарникари.

Некои овци биле пронајдени како пливаат околу бродот, а се стравува дека голем број се удавиле.

Бродот долг 85-метари се превртел отакако испловил од пристаништето Мидија недалеку од Констанца, најголемото пристаниште на Црното Море и едно од најголемите во Европа. Тој пловел под знамето на островската држава Палау.

Сите членови на екипажот биле спасени, а едeн завршил во болница поради преладеност. Повеќето членови на екипажот се од Сирија.

Сè уште не е познато како се случила несреќата./Makfax