Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајна несреќа на патот Штип-Делчево, 19 и 20-годишен возач се здобија со тешки повреди

Двајца возачи на возраст од 19 и 20 години се здобиja со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи синоќа помеѓу три возила на магистралниот пат Штип-Делчево.

Во несреќата покрај нив, учествувало и трето возило со бугарски национални ознаки, управувано од Љ.И.(34) од Кочани, информираат од МВР.

Двајцата повредени биле пренесени во општата болница Кочани.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница./Makfax

Спонзорирано: