13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Шпанската полиција откри плантажи со марихуана, следејќи Албанци кои краделе цигари

Шест лица се уапсени и запленети се 16.000 стебла марихуана со вкупна тежина од 3,5 тони за време на рација на шпанската полиција во североисточниот регион Арагон.

Две големи плантажи со марихуана биле откриени откако полицијата неколку месеци следела група албански државјани кои краделе цигари од автомати поставени во кафулињата и на бензиски станици во овој регион, пишива британски „Гардијан“.

Како што пренесоа локалните медиуми, до двете плантажи се стигнувало само пеш преку тешко прооден пат./Makfax