Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Дали долгот од 400.000 евра за кампањата е причина зошто ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на директор на Државниот завод за ревизија?

Молкот во ВМРО-ДПМНЕ е индикатор за прикривање на голем скандал, нова афера поврзана со начинот на финансирање на изборната кампања. Јавно објавените информации, финансискиот извештај, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска. Тоа е спротивно на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Затоа молчи ВМРО ДПМНЕ, изјави на денешната прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

-Дали токму овој незаконски долг од 400.000 евра е причината што ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на прв човек на Државниот завод за ревизија? Се плаши ли ВМРО-ДПМНЕ дека независна институција ќе поведе постапка и ќе ги истражи сите индиции за нивното непочитување на законот? Одговорност мора да има. Надлежните институции мора да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста. Институциите се на потег. За овој нов скандал во ВМРО-ДПМНЕ одговороност мора да има, изјави Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК